INTERREG IPA Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ нуди големи можности за соработка, добрососедски односи и социо-економски развој на нашите земји. Нашата прекугранична област ги ужива придобивките од огромната, разновидна и главно недопрена природна средина; но се соочува и со многу социо-економски предизвици. Оваа област каде што се наоѓаат Солун, Кукуш , Едеса, Лерин и Пела и Вардар, Пелагонија , Југоисточна и Југозападна е сцената за заедничките акции на нашите земји. Нашата заедничка програма ги овластува јавните власти, приватните непрофитни организации и другите институции, како и граѓаните да работат заедно на заедничките предизвици и проблеми, барајќи попаметни решенија кои можат подобро да се постигнат кога соработуваме.

Нашите проблеми може да се одвоени или различни, но нашите постапки се заеднички. Тоа е соработка која не учи да бараме соработка, да ги здружиме силите и да споделуваме активности во сите сектори од заеднички интерес, како што се конкурентноста, животната средина, туризмот, транспортот, вработувањето, здравствените и социјалните прашања . Европската Унија, Грција и Република Северна Македонија нудат повеќе од 45.000.000 € , од 2014 до 2020 година за поддршка на нашата работа. Од создавање нови работни места до почитување на животната средина во нашата област, заеднички учиме да се разбираме. Наша заедничка цел е подобро секојдневие. Програмата е изградена врз следните две приоритетни оски кои ги одразуваат идентификуваните потреби и предизвици; Приоритетна оска 1: развој и поддршка на локалната економија Приоритетна оска 2: Заштита на животната средина – транспорт