„ABOVE„ е проект кој има за цел да сними повеќе локации во Република Северна Македонија и Република Грција од птичја перспектива со користење на дрон технологија. Поточно ќе бидат снимени од регионите на Вардар до Галичица, езера, реки и водопади преку кој ќе бидат прикажани гранични природни и географски обележја на начин на кој досега истите не се посетени. Креирање и објавување на изворедни временски видеа кои ќе бидат снимени во четири сезони со што се овозможува да имаме визуелно претставување на промена на сезоните во неколку секунди.  За подобра имплементација на овој проект ќе се одржат тренинг курсеви за туристички водичи со цел да се овозможи развој на туризмот а со тоа и понатамошно отварање на нови работни места.  Сите активности на проектот „ABOVE” ќе бидат објавени на оваа веб страна. 

Имплементатор 
Агенција за Промоција и Поддршка на Туризам Скопје

11 Октомври бр. 11, Скопје 1000
Република Северна Македонија

[email protected]

Партнери
Грчко-Италијанска Комора за трговија во Солун
www.italchamber.gr 
[email protected]

Организација за Туризам Солун
Egnatias 154, Thessaloniki, 54636
[email protected]